Дома Фудбал Поранешната девојка на Винисиус го нападна фудбалерот: Го интересира само една работа, не може да води нормален разговор!

Поранешната девојка на Винисиус го нападна фудбалерот: Го интересира само една работа, не може да води нормален разговор!

Непријатни детали од приватниот живот на Винисиус испливаа во јавноста по изјавите на неговата поранешна партнерка Ана Силва.

Според зборовите на споменатата инфлуенсерка, бразилскиот фудбалер имал потешкотии да води нормален разговор поради преокупација со интимни теми.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Не ми се допаѓаат луѓе што постојано зборуваат за интимни работи. Тој не знаеше да води разговор, зборуваше само за секс. Ми испраќаше фотографии од своите интимни делови и постојано бараше да се среќаваме, но не го интересираше ништо освен секс“, рече таа во подкастот на новинарот Лео Дијас.

Силва истакна дека токму таквото однесување на поранешниот член на Фламенго беше причината за нивното разидување, а тој често е во центарот на вниманието поради својот темперамент.

Несомнено, новонастанатата ситуација ќе ја комплицира сликата што јавноста ја има за репрезентативецот на „кариоките“, кого со „кралскиот клуб“ му следи гостување на Хетафе по репрезентативната пауза в недела.

Винисиус настапи за мадридскиот гигант 332 пати и постигна 111 голови и 87 асистенции во текот на седумгодишниот престој во шпанската престолнина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Градот сериозно заинтересиран: На “Етихад” го посакуваат бразилското чудо од 50 милиони евра

Манчестер Сити внимателно го следи 17-годишниот напаѓач Бруњињо од бразилскиот Атлетико Па…