Дома Фудбал Поранешен англиски судија откри дека е геј: Користев кокаин за да избегам од реалноста

Поранешен англиски судија откри дека е геј: Користев кокаин за да избегам од реалноста

Поранешниот англиски фудбалски судија Дејвид Кут (42) откри дека е геј во своето прво интервју откако му беше забрането да суди во англискиот фудбал.

Кут е познат по скандалот. Беше објавено видео на кое тој го навредува Јирген Клоп, поранешниот тренер на Ливерпул.


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Се појави и видео како шмрка бел прав за време на Европското првенство. Како што изјави во интервју за британскиот таблоид „Сан“, својата хомосексуалност ја криеше од јавноста бидејќи фудбалскиот свет тешко прифаќа хомосексуалци.

„Се срамев, особено кога бев тинејџер. Имав проблем да ја сокријам својата сексуалност. Ги криев чувствата кога бев помлад. Криењето на емоциите е одлична особина ако си судија, но е лошо за човек. Ме наведе да се однесувам на начин на кој не сакав.

Имам проблеми со самодовербата и ми беше тешко да се гордеам со тоа што сум. Сум доживеал злоупотреба во текот на мојата кариера, а откривањето дека сум геј би го влошило сето тоа. Треба да се работи многу за да се намали дискриминацијата во фудбалот“, рече Кут.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аканжи: Не се плашиме ни од Реал, ни од Баерн

Манчестер Сити едвај во последното коло успеа да обезбеди пласман во нокаут фазата во Лига…