
Лука Модриќ е хит во Италија! Хрватскиот маестро, кој летоска пристигна во Милан, ги фасцинираше сите со одлични игри, а почнува да се зборува околу новиот договор!
Иако одлуката за новиот договор треба да се донесе на крајот од сезоната, за да се процени формата и адаптацијата на хрватскиот капитен, челниците на Милан се сериозно размислуваат за рано продолжување на соработката, пишува Ла Газета дело Спорт.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Модриќ досега во сезоната одмораше само во Купот против Лече, а неговите бројки се импресивни. Освен што диригира во средниот ред, Лука не се плаши да влезе во дуели и физички пресметки, што го потврдуваат и двата жолти картони кои ги доби.
Во соблекувалната е пример за професионалност, а оние кои често се наоѓаат во Миланело, тренинг кампот, се восхитуваат на неговата скромност и покрај бројните пехари и индивидуални признанија кои ги има освоено.
Кога сето ова ќе се земе предвид, не чуди што Милан сака да го задржи на долг рок. Така би можеле да ја продолжат соработката за уште една година, односно до јуни 2027 година кога тој веќе ќе има 41 година. Дури и ако нема повеќе да биде стандардна опција во првиот тим, во Милан веруваат дека неговото искуство и влијание би можеле многу да биде од корист во соблекувалната.