Дома Фудбал Понижениот Тен Хаг се враќа во старото јато?

Понижениот Тен Хаг се враќа во старото јато?

Ерик тен Хаг се израмни во Бајер Леверкузен, но сега е пред нов ангажман.

По двегодишната епизода во Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг после подолга пауза го презеде тимот на Баер Леверкузен на почетокот на летото.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Ангажманот во Германија беше одлична можност за Холанѓанецот да ја врати својата тренаерска кариера на вистинскиот пат.

Но, се случи токму спротивното. Ерик тен Хаг имаше уште еден неуспешен ангажман и доби отказ по само два одиграни кола.

Тоа беше еден од најбрзите откази во историјата на германскиот фудбал, а набргу потоа Тен Хаг доживеа уште едно понижување.

Долгогодишните вработени на Бајер Леверкузен спроведоа интерно гласање за тоа кој бил најлош тренер на нивниот клуб во последните 20 години.

Германскиот „Билд“ јавно ги објави резултатите, а Холанѓанецот убедливо “победи” на ова гласање.

Повеќе од месец дена е поминато од отказот и сега е холандскиот стручњак пред нов (стар) ангажман.

Како што пренесува реномираниот холандски лист “Де Телеграф” – Тен Хаг може да се врати во старото јато.

Станува збор за тимот на Ајакс кој моментално не се наоѓа во добра состојба, а кој 55-годишниот тренер го водеше од клупата четири години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лудница во Лондон: Естевао во 96. минута со првенец го израдува Челси (Видео)

Челси извојува драматична победа над Ливерпул со 2-1 на „Стемфорд Бриџ“, благодарение на п…