Дома Фудбал „Помина возот“: Араухо сега не чини 60 милиони туку многу повеќе

„Помина возот“: Араухо сега не чини 60 милиони туку многу повеќе

Роналд Араухо е еден од најважните фудбалери на Барселона, а добрата вест е што сега веќе не важи неговата клаузула за откуп од 60 милиони евра.

Кој сакаше да го ангажира уругвајскиот дефанзивец, пропушти идеална можност. Од 1-ви до 15-ти јули имаше „попуст“ во форма на клаузула од 60 милиони евра.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Меѓутоа, бидејќи никој не се јави и обезбеди трансфер до тој рок, таа е вратена на првичната сума. А таа изнесува значително повеќе – милијарда евра!

Јасно е дека никој нема да плати толкаво обесштетување, но што е најважно за Барселона е дека сега таа ја води играта. Имено, Араухо има важечки договор до 2031 година, па на Каталонците дефинитивно не им е итно евентуалната продажба.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Крос за Барселона: Секој може да ги победи во Лигата на шампионите!

Легендарниот германски фудбалер Тони Кроос, кој ја заврши својата кариера по минатогодишно…