Дома Бокс Пол и Џошуа се суспендирани – еве и зошто (Видео)

Пол и Џошуа се суспендирани – еве и зошто (Видео)

Џејк Пол и Ентони Џошуа привремено се суспендирани од страна на Атлетската комисија на државата Флорида веднаш по нивниот боксерски меч во петокот навечер. Џошуа во шестата рунда го нокаутира Пол и при тоа му ја скрши вилицата, што доведе до автоматски медицински суспензии за двајцата борци.

Иако на хартија мечот беше голема нерамнотежа, на двојниот обединет шампион во тешка категорија му беа потребни речиси шест полни рунди за конечно да го сопре јутјуберот. Пол по борбата на социјалните мрежи се огласи со видео директно од рингот, покажувајќи ја тешката повреда на вилицата. По победата, Џошуа ја искористи можноста и го предизвика Тајсон Фјури на меч.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Бидејќи борбата се одржа во Касеја Центарот во Мајами, таа беше под надзор на Атлетската комисија на државата Флорида. Според нивните правила, кои се во согласност со препораките на Асоцијацијата на боксерските комисии, и двајцата борци, независно од исходот, мора да минат низ задолжителен период на одмор од најмалку седум дена.

Со оглед на тоа што Пол претрпе тежок нокаут, веројатно ќе добие значително подолга суспензија, најмалку 45 дена, а можно е таа да биде продолжена на 60 или дури повеќе од 90 дена, зависно од деталната лекарска проценка. Слично се случи и минатата година кога по прекин против Мајк Пери во истата држава доби суспензија од 60 дена.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Бокс

Проверете

Неверојатно: 50-годишна легенда брутално го претепа поранешниот УФЦ шампион (Видео)

Андерсон Силва испиша нова страница во историјата на боречките спортови, нокаутирајќи го п…