Дома Фудбал Пол Гаскојн се потсети: Испив девет чаши ракија, а потоа бев прогласен за играч на натпреварот

Пол Гаскојн се потсети: Испив девет чаши ракија, а потоа бев прогласен за играч на натпреварот

Животот на Пол Гаскојн беше обележан со неверојатен талент за фудбал, но и со исклучоци во приватниот живот, некои од кои му оставија сериозни последици. Негово најново дело е автобиографијата “Осум”, а популарниот Газа во ТВ емисијата “Добро утро Британијо” се присети на неколку моменти од кариерата, како и некои надвор од теренот.

Една од епизодите се одви во финалето на Шкотскиот куп. Ренџерс играше против Хартс, а тогашниот тренер на Ренџерите Волтер Смит најде начин да го мотивира Пол.
На полувреме ме праша дали сум пиел пред натпреварот, одговорив дека не сум. Тогаш ми рече ‘Оди испиј неколку пијалаци’. Испив девет чаши ракија, се вратив на терен, постигнав два гола и бев прогласен за играч на натпреварот“, изјави Гаскојн.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Колку и да беше генијалец на теренот, исто толку беше самодеструктивен надвор од него, понекогаш штетен и за најблиските.

Години се оддалечував од семејството, тишината ме измачуваше. Кога татко ми реши да ме смести во психијатриска установа, ја сфатив сериозноста на ситуацијата. Минав 11 дена во таа установа и тоа ми го спаси животот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе се спореди со Ди Стефано и Роналдо: Ако можеа тие, можам и јас

ФРАНЦУСКИОТ напаѓач Килијан Мбапе се осврна на негативните коментари со кои се соочува отк…