
Жозе Мурињо повторно е елиминиран во нокаут фазата на Лигата на шампионите.
Неговата Бенфика не беше конкурентна на Реал Мадрид во бурното двомечје во кое Мурињо не беше дозволено да присуствува дури ни на стадионот во реваншот.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Верувале или не, веќе поминаа 12 години откако Мурињо забележа победа во елиминационата фаза на Лигата на шампионите. Последен пат тоа се случи во сезоната 2013/14, кога стигна до полуфиналето, а во четвртфиналето го елиминираше Пари Сен Жермен.
И тоа Челси беше поразен во Париз со резултат 3:1, единствениот погодок за „сините“ го постигна Еден Азар од пенал, но по следеше голем пресврт во реваншот. Челси славеше со резултат 2:0, Андре Ширле го постигна првиот гол во 32. минута, а во 87. минута Демба Ба погоди за пролаз на Челси благодарение на правилото за гол на гости.
На тој натпревар за Челси настапија:
Чех, Ивановиќ, Кајхил, Тери, Аспиликуета, Давид Луиз, Лампард, Вилијан, Оскар, Азар, Ето. Од клупа влегоа Ширле, Демба Ба и Фернандо Торес.
Сепак, во битката за пласман во финале, Атлетико Мадрид беше подобар од Челси. По 0:0 во Мадрид, Челси на својот „Стамфорд Бриџ“ изгуби со 1:3.