Дома Фудбал Скапо платениот ас на Баерн постигна гол каков што ретко се гледа: Погоди како во видео игра! 🎥

Скапо платениот ас на Баерн постигна гол каков што ретко се гледа: Погоди како во видео игра! 🎥

Фудбалерите на Бајерн во Гелзенкирхен убедливо го совладаа украинскиот Шахтар со резултат од 5:1 во рамките на 6-то коло од Лигата на шампионите, а голот кој го постигна Мајкл Олиз без сомнение е еден од најубавите во досегашниот тек на натпреварувањето.

Шахтар поведе во 5-тата минута со гол на Кевин, но потоа доживеа дебакл. Во низа за Баварците погодуваа: Конрад Лајмер, Томас Милер, двапати Мајкл Олис и Џамал Мусијала.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сепак, погодокот на Олиз во 90-тата минута ги воодушеви љубителите на фудбалот, затоа што изгледаше како сцена од видео игра.

Фудбалерот на Бајерн ја прифати топката на триесетина метри од голот и во незапирлив слалом помина неколку играчи, вклучувајќи го и голманот Ризњик.

Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе се осврна на критиките од навивачите на Реал Мадрид: „Ако го критикуваа Роналдо, кој сум тогаш јас?“

Килиан Мбапе повторно е во центарот на вниманието, но не само заради играта на теренот, ту…