
Кошаркарите на ЛА Лејкерс ги победија во својот дом Минесота со 111:102. За тимот кој го предводат Лука Дончиќ и Леброн Џејмс ова беше осмата победа во последните десет натпревари, со што се втор тим во лигата по форма и ја задржаа петтата позиција на Западот, додека гостите ги очекува жестока борба за пласман во плејоф или плеј-ин.
Дончиќ не беше многу расположeн. Учинокот од 21 поен, 13 скока и пет асистенции звучи многу добро, но Дончиќ до него стигна со катастрофален шут бидејќи погоди само 6 од 20, и една тројка од девет обиди. Но, таа една погодена тројка беше спектакуларна. Џејмс му ја даде топката со истекот на нападот, а Дончиќ погоди со една нога за три поени. Цела сала се крена на нозе, а таткото на Дончиќ на трибините се смееше и се држеше за главата во неверување.
LUKA ONE-LEGGED THREE TO BEAT THE SHOT CLOCK 😳
— SportsCenter (@SportsCenter) February 28, 2025
His dad couldn’t believe it 😂 pic.twitter.com/F20UHdxlIh