
Добро познатиот шпански стример Ибај Ланос и асот на Реал Мадрид Винициус Жуниор станаа хит на социјалните мрежи откако фудбалерите на Барселона доживеаја тежок пораз од Атлетико Мадрид со 4:0 во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на кралот.
Токму овој резултат стана тема на вирално видео каде што Ланос му соопштува на ѕвездата на Реал Мадрид дека нивниот најголем ривал претрпел убедлив пораз.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Кога слушна дека Барселона загубила со 4:0, Винициус во почетокот не можеше да го сокрие изненадувањето. Бразилецот реагираше со насмевка и недоверба, а неговата искрена реакција бргу го преплави интернетот.
Видеото стана вирално, а навивачите на Реал со радост го споделуваа моментот кога нивниот миленик дозна за тешкиот пораз на Барселона, додека фановите на каталонскиот клуб тешко ги наоѓаа зборовите по дебаклот во престолнината на Шпанија.
@marca.com 👀 Así descubre Vini, por Ibai Llanos, que el Barça iba perdiendo 4-0… y esta fue su reacción 😲 #DeportesEnTikTok #futbolentiktok ♬ sonido original – Diario MARCA