Дома Останати Кошарка Погледнете го неверојатниот потег на Јокиќ. Американците: „Асистенција на сезоната, нереално…“

Погледнете го неверојатниот потег на Јокиќ. Американците: „Асистенција на сезоната, нереално…“

НИКОЛА ЈОКИЌ поради повреда на листот од левата нога пропушти пет натпревари. Се врати и веднаш одигра незаборавен натпревар за Денвер.

За победата на Нагетс над Бакс со 127:117 постигна 39 поени (шут од игра 16/25) покрај 10 скока и асистенции.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


За Јокиќ ова беше веќе 30-тиот трипл-дабл во сезоната, што е негов личен, како и рекорд на Нагетси. До денес, ниту еден играч на тој клуб немал толку трипл-даблови во една сезона.

Јокиќ со одличната игра влезе во аналите на НБА лигата. Стана само четвртиот кошаркар по почетокот на најсилната лига кој успеа да достигне 30 трипл-даблови во една сезона. Пред него тоа го постигнаа само Расел Вестбрук (три пати), Оскар Робертсон и Вилт Чемберлејн.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ во сенка на Дурант, Денвер ја прекина серијата на победи (Видео)

Тоа што стана тренд од почетокот на новата сезона, продолжи и синоќа – Денвер повтор…