![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2025/02/po-850x491.jpg)
Се ближи враќањето на Пол Погба на теренот по суспензијата, а новиот клуб би можел да му биде во Турција, МЛС или Бразил.
Немаше сериозни понуди од Европа за Погба, па поранешниот француски репрезентативец преку заобиколен пат можеби ќе се врати во најсилните европски лиги, каде што му е желба повторно да се најде.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Поминат е периодот на казната за Погба и тој може веднаш да започне да тренира со новиот клуб по потписот, а официјално од март може да игра и на официјални натпревари. Сепак, засега нема клуб кој го сака Погба во своите редови.
Сепак, како најнови информации се спомнува потенцијалниот преод на Погба во Турција, МЛС или Бразил.
Најблиску беше поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед да потпише со Олимпик Марсеј, но договорот не беше завршен и Погба остана слободен во изборот на новата средина.
Да се потсетиме, Погба го раскина договорот со Јувентус каде што не го сакаа по долгата пауза, а најголема желба му е да се врати во националниот тим на Франција.