Дома Фудбал Погба пред договор со новиот клуб!

Погба пред договор со новиот клуб!

Искусниот француски фудбалер Пол Погба најверојатно летово ќе го засили Олимпик од Марсеј бидејќи, според медиумите од оваа земја, се согласил на намалување на платата за да се приклучи на “Велодром”.

Изминатата година беше турбулентна за некогашниот ас на Јувентус и Манчестер Јунајтед, бидејќи пред помалку од 12 месеци доби четиригодишна забрана за играње фудбал поради допинг, но таа беше променета на година и пол.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


Французинот во меѓувреме го раскина договорот со Јувентус, а од јануари се врати на тренинзи, па веќе е веројатно дека на лето би можел да најде нов клуб.

Веќе доста се пишува за интересот на Марсеј за него, а последните информации од Франција укажуваат дека фудбалерот се согласил на намалување на платата, свесен дека неговата преговарачка позиција не му дозволува да добие услови какви што имал во Италија и Англија.

Дека има оган помеѓу двете страни дознавме уште пред два дена во интервјуто на првиот човек на францускиот великан Пабло Лонгорија кој истакна дека изразува особена почит за квалитетите на играчот, но дека мора да се има на ум рамнотежата на групата.

Пофалби за Погба даде и спортскиот директор на Марсеј Мехди Бенатија во интервју за “Екип”, а зелено светло за трансфер налето даде и тренерот на великанот од “Велодром” Роберто Де Зерби.

Да потсетиме, Погба теоретски може да се врати на теренот веќе следниот месец, но бидејќи неговата форма не е на највисоко ниво, јасно е дека летото е идеалниот момент кога би можел да се придружи на идните соиграчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал со пресврт до значајна победа на „Етихад“🎥

Фантастичен дуел помеѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид, каде што „кралевите“ успеаја да дојд…