Дома Фудбал Погба и трет пат во кариерата ќе игра за ист клуб?

Погба и трет пат во кариерата ќе игра за ист клуб?

Пол Погба доби овој месец дозвола за тренинг, а во март ќе може да се врати на фудбалот откако неговата четиригодишна суспензија по падот на допинг тест беше намалена на година и пол. Францускиот играч од среден ред беше суспендиран затоа што тестот на кој беше подложен по натпреварот меѓу Удинезе и Јувентус на 20 август 2023 година покажа дека има вишок тестостерон. Тој сакаше да ја заврши кариерата во која играше само за два клуба, Манчестер Јунајтед и Јувентус.

Англиските медиуми го најавуваат неговото враќање и пишуваат дека тоа може повторно да се случи во дресот на Јунајтед. За клубот од „Олд Трафорд“ дебитираше во сезоната 2011/12, а се врати од Јувентус во 2016 година и остана до 2022 година кога се врати во клубот од Торино.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


За Јунајтед францускиот играч од среден ред одигра вкупно 233 натпревари со учинок од 39 голови и 48 асистенции. Неговиот најголем успех со тој клуб е освојувањето на Европа лигата во сезоната 2016/17.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…