Дома Фудбал Пофалбите за Модриќ не престануваат: „Ме воодушеви, игра како да има 25 години“

Пофалбите за Модриќ не престануваат: „Ме воодушеви, игра како да има 25 години“

Пофалбите на сметка на Лука Модриќ би можеле да се објавуваат секој ден, бидејќи речиси секој ден некој нов останува целосно вчудовиден од начинот на кој игра Лука на 40 години.

Лука Модриќ, хрватскиот фудбалски виртуоз, продолжува да го фасцинира светот на фудбалот со својата извонредна игра и посветеност. Иако ја премина границата на 40 години, неговата страст кон играта останува неизмерна.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Тоа вчера го потврди и францускиот играч од средниот ред Адриен Рабио кој изјави:

„Ме воодушеви. Тренинзите кои ги изведува, начинот на кој пристапува кон секој детал, тоа е неверојатно. Лука останува максимално фокусиран, професионален и работи со интензитет како да има 25, а не 40 години. Скромен е, смирен и секогаш дава сто проценти од себе. Кога гледам како се движи и колку енергија има, не можам да поверувам, постар е од мене десет години, а изгледа неверојатно.”

Овие зборови сведочат за неговата исклучителна посветеност и професионалност. Модриќ не е само лидер на теренот, туку и ментор на помладите соиграчи, пренесувајќи им го своето богато искуство и знаење. Неговата способност да го диктира темпото на играта и да донесува клучни одлуки во вистинскиот момент го прави незаменлив дел од секој тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во Јувентус доаѓа ѕвезда на Баерн Минхен!

Според Тутоспорт, тренерот на Јувентус, Игор Тудор, е во потрага по странични играчи бидеј…