Дома Останати Тенис Почнува сезоната на земја: Ѓоковиќ ќе има густ распоред

Почнува сезоната на земја: Ѓоковиќ ќе има густ распоред

Новак Ѓоковиќ го продолжува походот кон својата 100-та титула во кариерата, бидејќи изутрината загуби од Јакуб Меншик со 2:0 во борбата за трофеј во Мајами.

Сепак, Ѓоковиќ треба што побргу да го заборави овој пораз, затоа што сезоната на земја само што не започнала. Следните два месеца ќе се играат три мастерс турнири – Монте Карло, Мадрид и Рим, а потоа следи вториот грен слем Ролан Гарос.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Ролан Гарос му е на Новак приоритет, но би било добро тој турнир да го дочека меѓу четирите најдобри тенисери за да избегне потенцијално потежок жреб и средба со Јаник Синер или Карлос Алкарас веќе во полуфиналето на турнирот во престолнината на Франција.

Што се однесува до мастерсите, пред неколку дена стигна вест од организаторите дека ќе го гледаме Новака во Мадрид од 21 април до 4 мај, каде што не играл три години. Останува да се види што ќе одлучи за Монте Карло и Рим, каде обично настапуваше. Првиот на програмата е Монте Карло, кој започнува на 6 април.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Иванишевиќ за соработката со Ѓоковиќ: Тоа никогаш во животот не сум го видел

Горан Иванишевиќ неодамна беше гостин кај Славен Билиќ во емисијата „(Не)успех на шампиони…