Дома Фудбал Почната постапка за ликвидација на англиски клуб стар 154 години (Фото)

Почната постапка за ликвидација на англиски клуб стар 154 години (Фото)

Фудбалскиот клуб Рединг се соочува со налог за ликвидација што го покрена поранешниот директор Најџел Хау, само неколку месеци откако клубот конечно доби нов сопственик. Англискиот третолигаш, кој долго време беше во проблеми, во мај го купи поранешниот директор на Вајкомб, Роб Куихиг, од контроверзниот Дај Јонгге, пишува The Sun.

Хау, инвеститор во недвижности, работеше како извршен директор и потпретседател на клубот под управата на Дај, и беше задолжен за надгледување на долготрајниот процес на продажба на клубот. Според пишувањето на Telegraph, сега токму тој се обидува да го ликвидира Рединг.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Клубот брзо реагираше на обвинувањата. Во официјалното соопштение стои: “Фудбалскиот клуб Рединг потврдува дека е во тековен спор со господин Најџел Хау. Клубот ги негира сите тврдења искажани против него. Со оглед на тековниот спор и потенцијалните правни постапки, клубот во овој момент нема да дава дополнителни коментари.”

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

БОМБА ОД АНГЛИЈА: Пеп на лето го напушта Сити, клубот веќе изработи листа на замени!

Како гром од ведро небо, се појави вест објавена од Атлетик дека Пеп Гвардиола сериозно ра…