Дома Фудбал Тага на „Олд Трафорд“: Почина фудбалерот кој седум години беше дел од Манчестер јуанјтед

Тага на „Олд Трафорд“: Почина фудбалерот кој седум години беше дел од Манчестер јуанјтед

Манчестер јунајтед сподели со своите навивачи тажна. Поранешниот познат фудбалер на овој клуб, Теренс „Тони“ Јанг почина на 71 годишна возраст.

Интересно е што тој е роден на само неколку километри од „Олд Трафорд“ и играл за Јунајтед цели седум години во периодот помеѓу 1969 и 1976 година. Беше еден од најдобрите играчи во генерацијата на Томи Дохерти, кога Јунајтед успеа да го оствари својот повраток во елитната лига на домашниот фудбал во 1974 година.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Играше на позицијата десен бек и крило, а настапи за Јунајтед вкупно 97 пати. По престојот во Јунајтед, премина да игра за Чарлтон Атлетик, како и за Јорк Сити.

Навистина ни е жал што слушнавме дека починал. Се сеќавам дека Тони имаше голем углед како крило кога штотуку пристигна во клубот. Настапуваше одлично под притисок. Тој беше вистинска легенда на Манчестер. Тренираше на начин на кој и играше. Тони инаку беше повлечен, но беше таков карактер кој беше потребен на таквата група играчи. Го сакаше секој менаџер – изјави Семи Мекелрој за официјалната страница на Јунајтед во посвета.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим не најде лек за „топџиите“, Арсенал лесно до победа🎥

Арсенал го победи Манчестер Јунајтед со 2-0 во дерби дуелот на „Емирати“ и така се доближи…