Легендарниот кошаркар на Чикаго Булс, Боб Лав, почина на 82-годишна возраст.
Како што соопштија од Чикаго Булс, Боб Лав почина на 82-годишна возраст во Соединетите Американски Држави по долга борба со тешката болест.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Боб Лав го носеше дресот со број 10 и е вториот играч во историјата на Чикаго Булс на кој му се повлече дресот, а првиот беше дресот со број 4 што го носеше Џери Слоун.
Боб Лав беше трикратен играч на Ол Стар, играше за Булс од 1968 до 1976 година, а играше и за Синсинати Ројалс, Милвоки Бакс, Њујорк Никс и Сиетл Суперсоникс.
Во кариерата постигна 13.895 поени со 4.653 скока и 1.123 асистенции.