
Оваа сезона веројатно ќе биде најкратката пауза помеѓу две сезони за европските великани, така и за Реал Мадрид.
Само минатата недела заврши шпанското првенство, а Реал Мадрид веќе се подготвува за следната сезона.
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Поради новиот формат на Светското првенство за клубови, паузата за големите европски клубови меѓу сезоните никогаш нема да биде помала.
Тоа е случај и за кралскиот клуб, каде неодамна тренерската палка ја презеде нивниот поранешен играч – Чаби Алонсо.
Алонсо официјално беше претставен и веќе имаше прво обраќање пред медиумите на новото работно место.
Шпанскиот стратег нема да има многу време за одмор, бидејќи првиот тренинг за новата сезона е закажан за 9 јуни.
Алонсо тогаш ќе се соочи со многу непријатна ситуација бидејќи ќе има на располагање само пет играчи за тренинг.
Станува збор за Себаљос, Фран, Асенсио, Лукас и Родриго. 11 од нив ќе имаат обврски со репрезентација, а осум играчи се повредени.
Фото: Grok AI