Дома Фудбал Побара дрес од Нејмар, па си направи проблеми: Сериозно мислиш дека не знаеме каде живееш?

Побара дрес од Нејмар, па си направи проблеми: Сериозно мислиш дека не знаеме каде живееш?

Десниот бек на бразилскиот клуб Васко да Гама, Пауло Енрике, стана цел на бесни навивачи по натпреварот со Сантос.

Според снимките кои се појавија на социјалните мрежи, група навивачи го пресретнаа играчот и го прекорија зошто по мечот побарал дрес од Нејмар.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Го сметаа тоа за знак на непочитување кон клубот и навивачите, особено заради напнатата атмосфера на теренот и некои стари долгови.

„Ќе продолжиш ли да нè не почитуваш? Мислиш дека не знаеме каде живееш? Нејмар ни рече да се тргнеме, а ти бараш негов дрес?“, гневно прашаа навивачите.

Овој инцидент ги зголеми тензиите околу клубот, кој ионака се наоѓа во турбулентен период, а потегот на искусниот бек беше протолкуван како недостаток на лојалност од страна на најжестоките навивачи.

Во Бразил ваквите сцени за жал стануваат сè почести, а границата помеѓу страст и закана се преминува опасно често.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хаосот на Блискиот Исток го одложи закажаниот фудбалски спектакл во Катар!

Планираниот натпревар помеѓу актуелните европски и јужноамерикански шампиони, познат како …