Дома Фудбал По разочарувачкото „Ел Класико“, Јамал го критикуваат и соиграчите: Пред да каже нешто, треба да размисли!

По разочарувачкото „Ел Класико“, Јамал го критикуваат и соиграчите: Пред да каже нешто, треба да размисли!

Реал Мадрид остана на врвот на шпанската Ла Лига откако забележа заслужена победа од 2:1 против Барселона во рамките на десетото коло од Примера.

Кралевите беа поодлучни и подобри во текот на поголемиот дел од натпреварот, но средбата беше обележана со голема конфронтација при крајот, каде главни актери беа Ламин Јамал од една страна и Винисиус Жуниор од друга.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Јамал влезе во конфликт со Камавинга и Винисиус, а ситуацијата дополнително ја налути Дани Карвахал, кој иронично го советуваше младиот играч на Барса да „молчи“, потсетувајќи го на неговите тврдења за тоа како Реал победува со помош на судиите.

По натпреварот, се огласи и соиграчот на Јамал, Рафиња, кој отворено го критикуваше младиот фудбалер на својот тим.

„Несомнено е дека е виновен поради младоста и недостигот на зрелост да размисли пред да каже нешто такво. Неговите зборови му дадоа на Реал Мадрид дополнителна мотивација,“ изјави бразилецот за ДАЗН.

Реал Мадрид остана на чело на табелата на Ла Лига и сега има пет поени повеќе од второпласираната Барселона. Во следното коло, Реал ќе ја пречека Валенсија, додека Барселона ќе го нагости Елче.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси веќе го најде наследникот на Мареска!

Изгледа дека Челси наскоро ќе го замени Енцо Мареска. Италијанецот од кога дојде постигна …