Борусија Дортмунд пред два дена загуби од Барселона на свој терен со 3:2 во дербито од шестото коло на Лига на шампиони, а на тој меч изгуби и важен играч.
Според германските медиуми, стоперот Нико Шлоторбек претрпе тешка повреда на стапалото, која му се случи буквално во последните секунди на натпреварот.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
“Го чекаме официјалното мислење, но според тоа што видовме, не изгледа добро”, изјави тренерот на Борусија Нури Шахин.
Првите проценки се дека Шлоторбек може да одмора и до три месеци.
Борусија во недела во Бундеслигата игра против Хофенхајм.