Дома Фудбал По поразот од Барселона, Борусија доби и лоша вест: „Милионерите“ останаа без важен фудбалер три месеци!

По поразот од Барселона, Борусија доби и лоша вест: „Милионерите“ останаа без важен фудбалер три месеци!

Борусија Дортмунд пред два дена загуби од Барселона на свој терен со 3:2 во дербито од шестото коло на Лига на шампиони, а на тој меч изгуби и важен играч.

Според германските медиуми, стоперот Нико Шлоторбек претрпе тешка повреда на стапалото, која му се случи буквално во последните секунди на натпреварот.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


“Го чекаме официјалното мислење, но според тоа што видовме, не изгледа добро”, изјави тренерот на Борусија Нури Шахин.

Првите проценки се дека Шлоторбек може да одмора и до три месеци.

Борусија во недела во Бундеслигата игра против Хофенхајм.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легендарниот Просинечки најде нов ангажман – стана селектор на 104. репрезентција во светот!

Роберт Просинечки официјално е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Киргистан.…