Дома Фудбал По дебаклот на „Олд Трафорд“: Аморим ќе избрка двајца фудбалери од Јунајтед

По дебаклот на „Олд Трафорд“: Аморим ќе избрка двајца фудбалери од Јунајтед

Фудбалерите на Манчестер јунајтед вчера одиграа уште еден катастрофален натпревар, и на домашен терен беа поразени од Бормут со 0-3.

Навивачите очекуваа дека нивниот тим ќе има подобри резултати по доаѓањето на Рубен Аморим како тренер, но очигледно дека нема да биде баш така лесно.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


„Ѓаволите“ моментално се наоѓаат на 13. место на табелата во Премиер лигата и имаат остварено само шест победи од 17 одиграни натпревари во домашната лига.

Се разбира, поголемиот дел од тие слаби резултати дојдоа уште во периодот кога тренер беше Ерик тен Хаг, но Аморим од неговото доаѓање во Премиер лигата оствари само една победа во последните четири натпревари.

Според ситуацијата, уште двајца играчи ќе ја напуштат екипата на тимот во јануари, а Рубен Аморим ги стави на трансфер листата.

Станува збор за Кристијан Ериксен и Виктор Линделоф, на кои Аморим им порача дека во јануари можат да побараат нови екипи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Англичаните им ги одземаат пасоши на хулиганите

Околу 150 навивачи на Челси и Манчестер сити на кои им е забрането влегувањето на стадион …