
Излегоа информации за примањата на Жозе Мурињо во Бенфика. Легендарниот португалски тренер ја прифатил најниската плата за последните дваесет години. Минатиот месец Мурињо доби отказ од Фенербахче откако заврши со 11 бодови заостанување од шампионот Галатасарај, при што како причина беше наведена желбата на клубот за поатрактивен фудбал, пренесува Mirror.
За време на неговиот одмор во Барселона, Бенфика го контактирала со понуда да го преземе местото на Бруну Лаже. Помислувајќи на можноста која не можеше да ја одбие, Мурињо го прифатил својот дванаесетти тренерски ангажман и се вратил во лисабонскиот клуб по 25 години од неговото првпат ангажирање.
ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*
62-годишниот тренер во првите три натпревари освои две победи и едно реми. Сега повторно се враќа на Стамфорд Бриџ за дуел во Лигата на шампионите против Челси, клуб каде што остави голема трага низ два легендарни мандати.
Претседателот на Бенфика Руи Кошта уверено тврди дека Мурињо е се уште “еден од најдобрите тренери” сега. Сепак, очигледно дека славниот стратег прифатил значително пониска плата за да се врати во првиот свој клуб. Кошта открил дека двегодишниот договор вреди околу 3 милиони евра нето во првата сезона, а во втората ќе се зголеми на 4 милиони евра.
Поранешниот португалски интернационалец првично не сакал да ги потврди точните суми. “Не можам да кажам точна бројка, немам овластување да го откријам износот на заработката. Дали ова прашање го поставивте на Спортинг и ФК Порто? Тренер од ваков калибар има своја цена”, изјави минатиот четврток за TVI/CNN Portugal.
“Мислам дека не е соодветно да се зборува за неговата плата на телевизија. Тоа е важен договор. Не е над она што Роџер Шмит го заработуваше. Можам да кажам толку, но немојте да ме прашувате за точниот износ”, додаде тој.
Сепак, после дополнителен притисок, тој ги потврди посочените бројки: “Отприлика таа е оваа бројка. Не е прашање на транспарентност или не, но мислам дека не е логично претседателот на Бенфика да открива колку точно некоја личност заработува.”