Дома Фудбал Пикси се огласи за групата на Србија: Еве што вели за дуелите со Албанија!

Пикси се огласи за групата на Србија: Еве што вели за дуелите со Албанија!

Селекторот Драган Стојковиќ се согласува со фактот дека ждрепката во Цирих ја стави Србија во исклучително тешка група, но порача дека теренот ќе биде единствениот судија и дека победникот нема да биде познат до последната рунда на квалификациите.

“За да се оди на Светското првенство, мора да се победува. Нашата цел и приоритет број еден е да се пласираме во САД, Канада и Мексико, и ќе дадеме се од себе летото 2026 година да бидеме учесници на завршната смотра на светскиот фудбал”, рече Стојковиќ веднаш по ждрепката и потврди дека Англичаните се дефинитивно првите фаворити во групата.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Игравме со нив на Европското првенство во Германија и не заслуживме да загубиме. На хартија, според сила и квалитет, секако дека се главните фаворити за освојување на првото место, што не значи дека однапред ќе се предадеме. Го сменија селекторот, но играчите се истите оние кои добро ги запознавме на натпреварот во Гелзенкирхен. Важно е да се подготвиме добро, да бидеме комплетни и со една позитивна енергија да ги дочекаме натпреварите на одлука во квалификациите”.

Реперот мора да биде пристапот кој го имавме во последните два натпревари од Лигата на нациите, против Швајцарија во Цирих и Данска во Лесковац.

“Мислам дека тоа се подразбира. Максимално сериозно и професионално. Во физичка, тактичка и психолошка смисла подготовката мора да биде на највисоко можно ниво, но не само на натпреварот со Англија, туку и во дуелите со Албанија, Летонија и Андора”.

За Стојковиќ, секој натпревар во групата има специфична тежина.

“Многу предизвикувачка група. Албанците во последно време покажаа напредок во играта и сигурно ќе бидат незгоден противник. Среќен сум што ќе играме во Тирана на преубавиот стадион каде се играше финалето на Лигата на конференции. Свесен сум дека за јавноста тие два дуела ќе бидат интересни од некои други причини. Што се однесува до нас, не доаѓа предвид ништо што нема врска со фудбалот. Исклучиво спортска приказна, голем предизвик и прилика за две квалитетни фудбалски претстави”, јасен е Драган Стојковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тренер нападна судија и доби нокаут (видео)

Од фудбалските терени во Перу пристгна неверојатна сцена, каде судијата беше во центарот н…