Дома Фудбал Пикси пред потпис: Брзо пронашол нов ангажман!

Пикси пред потпис: Брзо пронашол нов ангажман!

Поранешниот селектор на српската репрезентација Драган Стојковиќ Пикси наскоро би можел да добие нова ангажман.

Изминаа два месеци откако ја напушти селекторската функција, а во текот на оваа зима можеби ќе се врати на работа во клубските натпреварувања.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Така велат руските медиуми кои го посочуваат Стојковиќ како еден од најсериозните кандидати за тренерското место во рускиот клуб Рубин Казан.

Пред неколку дена се спомнуваше дека Сава Милошевиќ, некогашен играч на Рубин и поранешен тренер на Партизан, е една од опциите, но сега се пишува за тројца кандидати, меѓу нив не е Милошевиќ.

Рускиот новинар Андреј Панков од “Чемпионат” известува дека една од опциите е Владимир Федотов, поранешен тренер на ЦСКА, кој наводно веќе пристигнал во Казан.

Но, неговиот колега Иван Карпов тврди дека поранешниот тренер на Химки и Родина, Франк Артига, е еден од кандидатите, но дека во овој момент најголемите шанси ги има поранешниот селектор на македонската репрезентација Драган Стојковиќ.

Инаку, Рубин е на седмото место на табелата во руската Премиер лига по завршување на првиот дел од сезоната, односно по одиграни 18 кола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Mилан го реши голманското прашање до 2031 година!

Милан денеска соопшти дека капитенот на тимот и голман Мајк Мењан го потпиша новиот догово…