Куп натпреварите секогаш нудат сензации и некои романтични приказни кои изгледаат како бајки, а таква беше ситуацијата вчера во Франција во шеснаесеттина финалето на Купот на Франција.
Францускиот петтолигаш, аматерскиот тим Бургоен Жале, по пенали го елиминираше славниот Лион.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Регуларниот дел од натпреварот заврши со резултат 2:2.
Инаку, Бургоен Жале игра во Национал 2 лигата, што е петти ранг во француската пирамида, но не се исплашија од големиот Лион.
Напротив, покажаа заби и на крајот ги шокираа популарните Лавови, а по натпреварот на стадионот имаше сцени за паметење.
Кога го постигнаа последниот пенал за триумф, целиот стадион беше во делириум. Навивачите влетаа на теренот и настана вистински хаос..
Огромен резултат за Бургоен Жале, клуб од град со 29.000 жители.
.Лион елиминиран од екипа од петтата лига👇 @SerieA pic.twitter.com/2UYo1FXCsn
— 🟡🔴 (@VaneJuice) January 15, 2025