Дома Фудбал Пет голови и асистенција – Халанд е најдобриот

Пет голови и асистенција – Халанд е најдобриот

Фудбалерот на Манчестер Сити Ерлинг Халанд е прогласен за најдобар играч на Премиер лигата во септември.

Норвежанецот изминатиот месец постигна пет голови и една асистенција на три натпревари. Ова е негово четврто признание за најдобар играч на месецот во Премиер лигата.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Сити во тие три натпревари победи против Манчестер Јунајтед и Барнли, а одигра нерешено со Арсенал.

„Граѓаните“ се на петтото место на табелата на Премиер лигата со 13 поени.

Менаџерот на Кристал Палас Оливер Гласнер е прогласен за најдобар тренер на Премиер лигата во септември со две победи против Вест Хем и Ливерпул и нерешено со Сандерленд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Tудор во Тотенхем испиша негативна историја: Вакво нешто никогаш не им се случило!

Се работи само за игра, но јасно е дека сезонава Тотенхем не се снаоѓа добро. Тимот што не…