Дани Олмо и Пау Виктор не можат да играат за Барселона откако Шпанската фудбалска федерација и Ла Лига ги одбија регистрациите на овие фудбалери. Раководството на Барса направило сè за да ја реши оваа ситуација, но поради другите клубови кои биле подготвени на жестоки реакции, конечно не дојде до регистрација. Реал Мадрид реши да не реагира бидејќи Барса им е сојузник во борбата за Супер лигата.
Претседателот на Реал Мадрид забранил мешање на неговиот клуб во ситуацијата околу регистрацијата на Дани Олмо и Пау Виктор.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Барселона ги загуби сите процеси и овие фудбалери во продолжението на сезоната нема да можат да играат за каталонскиот големец, а конечната одлука вчера заеднички ја соопштија Шпанската фудбалска федерација и Ла Лига.
Каталонците со сите сили се обидувале да го решат проблемот. Имало подготвеност од страна на Ла Лига да им се помогне, но затоа другите клубови најавиле жестоки реакции, па на крајот се откажале.
Реал Мадрид не бил меѓу клубовите кои имале намера да реагираат. Првиот човек на клубот Флорентино Перез забранил мешање во целата приказна и јасно соопштил дека Барселона мора да се остави на мира.
„За разлика од Атлетико, Атлетик или Севиља, Реал Мадрид не се вмешал во случајот околу Дани Олмо. Не сакале ниту јавно, ниту приватно да додаваат сол на раната на Барселона.”
„Реал ја гледа Барса како партнер во борбата за Супер лигата. Ставот е јасен, не сакаат да лутат никого”, наведува Релево и додава:
„Флорентино Перез на приватна средба рекол: Барселона мора да ја оставиме на мира. Тие се наши партнери, а не наши ривали'”, наведува Релево.