
Бразилецот Жулио Баптиста се враќа во Реал Мадрид, но овојпат како тренер во младинската академија на Кралскиот клуб, што го објави шпанскиот весник Марка денеска.
“Зверот се врати”, пишува шпанскиот весник, мислејќи на поранешниот фудбалер на Реал, кој својата професионална кариера ја започна во бразилскиот клуб Сао Паоло.
Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓
По неговиот престој во Севиља, во 2005 година се пресели во Реал во трансфер вреден 20 милиони евра.
По неговата физичка силина и силен удар, Жулио доби прекарот La Bestia (Ѕвер) и беше способен да игра на сите позиции во нападот и средниот ред.
Жулио Баптиста се враќа како тренер на младите категории во Реал Мадрид.
— Madrid Universal (@MadridUniversal) May 23, 2025
— @marca pic.twitter.com/1Sf8nMGKKH
Но, конкуренцијата во Реал беше жестока, па тој беше позајмен на Арсенал, а во 2008 година се пресели во Рома. Подоцна, играше и за Малага, Орландо, Крузеира и Клуж.
Баптиста ја претставуваше и бразилската репрезентација со која освои две титули на Копа Америка.
Како тренер, ги водеше различните младински категории во Ваљадолид, но ја задржа добрата комуникација со управата на Реал, што му овозможи да добие оваа нова улога.
Фото: Real Madrid/C.F