Дома Фудбал Перез веднаш му покажа на Алонсо каква моќ има Реал Мадрид

Перез веднаш му покажа на Алонсо каква моќ има Реал Мадрид

Чаби Алонсо пред неколку дена беше претставен како нов тренер на Реал Мадрид и веднаш почна со работа со оглед на тоа што за неколку недели ќе дебитира на Светското клупско првенство, а шпанскиот тренер доби најдобри можни вести пред ова натпреварување.

На Алонсо му претстои најголемиот предизвик во досегашната кариера, бидејќи очекувањата во Реал Мадрид секогаш се огромни, а дополнително на тоа нема да има многу време да се запознае со тимот бидејќи ќе дебитира веќе средина на следниот месец.

Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓


Како што е познато, Реал Мадрид ќе настапи на Светското клупско првенство кое ќе се одржи во Америка, и Алонсо има само три недели да се запознае со тимот.

Веќе е јасно дека Реал на лето ќе направи големи промени во составот и дека Лука Модриќ, Лукас Васкез и Хесус Ваљехо сигурно заминуваат. Сепак, за Алонсо е многу важно што ќе ги има Модриќ и Лукас на располагање за споменатото натпреварување.

Исто така, шпанските медиуми пишуваат дека шпанскиот тренер денеска доби најдобри можни вести од Флорентино Перез.

Во Реал се работи со полни капацитети на доведување на нови играчи, а најмалку двајца од нив Алонсо ќе ги има на располагање веќе на натпреварувањето во Америка.

Се работи за Трент Александер-Арнолд, кој доаѓа како слободен играч од Ливерпул и изгледа дека клубовите се договориле тој да може да дојде порано и да игра на Светското клупско првенство, иако со Редсите има договор до крајот на јуни.

Покрај Александер-Арнолд, доаѓа и засилување на позицијата лев бек што уште повеќе му значи на Алонсо. Станува збор за Алкаро Карерас кој ќе потпише за Реал во наредните денови бидејќи трансферот со Бенфика веќе е договорен.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти: Мојот Бразил ќе игра како Реал Мадрид

Бразил го посакуваше Анчелоти уште пред две години, но Италијанецот сакаше да го води Реал…