
Бразилскиот репрезентативец Родриго се наоѓа на излезна врата од Реал Мадрид затоа што Флорентино Перес се согласи на неговото барање да ја намали цената и ќе го пушти овој офанзивец да замине за 90 милиони евра.
Родриго во претходните сезони беше еден од клучните играчи во екипата на Реал, затоа што постигна некои од головите кои ги решаваа натпреварите во критични моменти, но потоа се тргна наопаку.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Сѐ започна со доаѓањето на Кијан Мбапе минатото лето, по што Родриго ја изгуби минутажата што ја имаше, а не помогна ни тоа што беше прилично надвор од форма.
Исто така, минатата сезона Бразилецот имаше и проблеми со повреди, поради што често беше надвор од терените, и на крајот ја имаше веројатно најлошата сезона откако пристигна во Реал Мадрид.
Иако се надеваше дека доаѓањето на Џаби Алонсо ќе го промени тоа, сепак не изгледа така. Родриго речиси не играше на Светското клубско првенство, што за него беше јасен знак дека можеби најдобро е да побара нов клуб.
Интерес за Родриго покажаа Ливерпул, Тотенхем, Арсенал и ПСЖ, но цената од 110 милиони евра што Реал ја постави за него е поголема од очекуваната.
“Нека дадат 90 милиони евра и ти можеш да одиш”, му порача претседателот на Реал на овој играч.
Фото: Принтскрин