
Поминаа речиси два месеца откако Чаби Алонсо официјално беше избран за нов тренер на Реал Мадрид, а иако тимот не се прослави многу на Светското клупско првенство, претседателот на клубот Флорентино Перез му даде до знаење колку верува во младиот тренер.
Перез на крајот од минатата сезона одлучи дека е време да му се заблагодари на Карло Анчелоти за соработката, откако нема доволно блескави резултати со Реал во претходната сезона.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Наместо искусниот италијански стратег, на клупата на кралскиот клуб пристигна Чаби Алонсо, по неколку забележителни сезони кои ги имаше младиот тренер на клупата на Бајер Леверкузен.
Алонсо не можеше да го одбие повикот од Реал, иако само неколку недели подоцна дебитираше на клупата на Кралевите за Светското клупско првенство.
Реал успеа да стигне до полуфиналето на ова натпреварување, но таму доживеа дебакл од ПСЖ кој славеше со 4:0, што најдобро покажа дека пред Алонсо има многу работа ова лето пред следната сезона.
Но, она што Шпанецот го покажа е дека има авторитет и дека нема да толерира грешки на никого, особено не игнорирање на барањата што ги поставува.
Јасно покажа дека никој не е заштитен во екипата и нема гарантирано место во составот, и дека сите оние кои нема да ги почитуваат неговите барања ќе ги следат натпреварите од клупата или трибините.
Исто така, и Перез му покажа на Алонсо дека верува многу во него и му даде поддршка што ниту еден друг тренер на Реал ја немал од како тој е претседател.
Фото: Принтскрин