
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, е човек кој често пати знае да потроши голема сума на одреден фудбалер. Буквално, шефот на кралскиот клуб ги завршува зделките што ги посакува, а сега се одлучи на необичен потег со младиот играч од среден ред, Нико Паз.
“Перез знае дека пред Нико Паз е светла иднина. Интересот од многу клубови, меѓу кои и Интер, е јасен знак за неговиот потенцијал. Перез сега сака да го осигура неговиот потпис и би можел да го продаде за 50 милиони евра”, наведуваат шпанските медиуми.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Паз сигурно нема да биде одушевен од оваа опција, но во договорот што го потпиша јасно стои дека Реал има право да го откупи пред сите други тимови.
Кралевите, предводени од Перез, апсолутно имаат намера да го искористат тоа. Можеби за 20-годишникот нема место во тимот на Реал, но од неговите услуги може многу да се заработи.
Флорентино Перез веќе над 50 години е бизнисмен. Има тука, се разбира, и алчност, но мора да се признае дека прави извонредна работа за Реал Мадрид кој е еден од ретките клубови кои не западнаа во огромни долгови.
Ова му овозможува на кралскиот клуб огромни трансфери. Сепак, не се одлучуваат често, и Перес преферира да го чека најповолниот момент за врвен потпис.
Нема ништо чудно што Реал под негово водство е толку моќен.