Дома Фудбал Перез е скржав: Најбараниот дефанзивец во Европа нема да оди во Реал Мадрид

Перез е скржав: Најбараниот дефанзивец во Европа нема да оди во Реал Мадрид

Флорентино Перез минатото лето одби да го доведе младиот француски дефанзивец Лени Јоро. Талентираниот стопер му беше прескап, но не и за Манчестер Јунајтед кој на крајот плати нешто повеќе од 60 милиони евра за овој момче. Историјата сега се повторува во случајот на Дин Хујсен.

Шпанскиот репрезентативец Дин Хујсен нема да му се приклучи на Реал Мадрид во летниот преоден рок. Кралевите се откажаа од 20-годишниот дефанзивец поради цената.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Одличниот млад дефанзивец игра извонредна сезона во екипата на Борнмут. Привлече големо внимание, и сега на неговата врата чукаат најголемите европски клубови.

Меѓу нив беше и Реал. Младиот фудбалер истакна јасна желба да потпише за кралскиот клуб, но тоа нема да се случи.

Причината е претседателот на клубот, Флорентино Перез. За него, 58 милиони евра за Хујсен се премногу и се откажа од доведување на овој фудбалер.

Фото: Реал Мадрид/FB

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јамал со ново барање ја стави Барселона во многу непријатна ситуација

Тинејџерската сензација Ламин Јамал наскоро ќе го прослави својот 18-ти роденден, а како п…