Дома Фудбал Пеп за дебитантот кој направи грешка: Не знае англиски, не може да комуницираме

Пеп за дебитантот кој направи грешка: Не знае англиски, не може да комуницираме

Актуелниот шампион Манчестер сити го победи Челси со 3:1 во дербито од 23. коло на Премиер лигата. Челси поведе во третата минута со голот на Нони Мадуеке, но во продолжението City славеше со головите на Јошко Гвардиол, Ерлинг Халанд и Фил Фоден. Пеп Гвардиола одлучи од првата минута да излезе со двајца играчи кои Manchester City ги доведе во јануарскиот трансферен период. Тоа се египетскиот напаѓач Омар Мармуш (25) и узбекистанскиот стопер Абдукодир Хусанов (20).

Хусанов веќе на почетокот предизвика гол за водство на Челси. Прво не успеа да ја однесе топката во воздушниот дуел со Џексон, а потоа со глава се обиде да ја врати на Едерсон.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Тренерот Пеп Гвардиола го поддржа, кој го пушти во игра само неколку дена откако младиот стопер потпиша за Сити.

„Не му е лесно. Тренираше со нас еднаш и веднаш после тоа заигра против Џексон, Палмер, Мадуеке, Санчо… Кога купуваш толку млад играч, неговата интеграција и прилагодување е процес. Ќе научи. Овие случувања се најдобрите лекции што еден млад играч може да ги добие. Па, морам да научам руски или узбекистански за да комуницирам со него. Тој не зборува англиски!”, изјави на прес-конференцијата по натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На повидок спектакуларно враќање на играч во Барселона

Барселона зад себе има една многу успешна сезона под раководството на тренерот Ханси Флик.…