Дома Фудбал Пеп прави ремонт: Манчестер сити сака да ангажира Египќанец и Бразилец

Пеп прави ремонт: Манчестер сити сака да ангажира Египќанец и Бразилец

Манчестер сити се наоѓа во длабока криза. Актуелните четирикратни прваци на Англија победија само еднаш во последните 13 натпревари во сите натпреварувања. Тимот на Пеп Гвардиола моментално заостанува 14 бодови зад лидерот Ливерпул, а има и одиграно натпревар повеќе.

Најголем проблем е повредата на добитникот на Златната топка Родри, што остави огромна празнина во средниот ред. По нерешениот резултат со Евертон на натпреварот на „Боксинг Деј“, Гвардиола на прес-конференција изјави дека му е потребен поширок состав и најави можни трансфери во јануари: 


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


„Трансфер-пазарот зиме не е лесен. Но, ние сакаме играчи за следните три, четири, пет години. Ќе се обидеме да донесеме некој кој може да ни помогне затоа што не можеме долго да издржиме со толку многу повредени играчи“, кажа тој.

Англиските медиуми пишуваат дека желба на Сити се двајца играчи. Еден е напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Омар Мармуш (25), а другиот е Едерсон од Аталанта, дефанзивен играч за врска и имењак на голманот на Сити.

Египќанецот Мармуш моментално е еден од најдобрите напаѓачи во светот и оваа сезона има 18 голови во 24 натпревари. Неговата вредност се утројуваше за само шест месеци и сега изнесува 60 милиони евра. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Снегот не ги промени плановите: Дербито на „Енфилд“ ќе се игра! (Видео)

Фудбалерите наЛиверпул иМанчестер Јунајтед треба да го одиграат дербито на 20. коло од Пре…