Дома Фудбал Пеп повторно незадоволен: Одложете го почетокот на сезоната, не е хумано – ќе ни требаат 40 плати тоа да се издржи!

Пеп повторно незадоволен: Одложете го почетокот на сезоната, не е хумано – ќе ни требаат 40 плати тоа да се издржи!

Тренерот на Манчестер сити е бесен на раководството на Премиер лигата затоа што го одбија предлогот следниот шампионат на Англија да почне подоцна, поради Светското првенство за клубови кое ќе се одржи од 15 јуни до 13 јули во САД.

Нова сезона во Премиер лигата ќе започне, како што беше планирано, на 16 август.


На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓


Пеп изјави дека таквата одлука не е во интерес на фудбалот и дека неговиот клуб ќе мора да ангажира голем број фудбалери за да може да ја издржи целата сезона.

Тоа не е хумано. Ние доаѓаме до ситуација во која клубот на платниот список ќе мора да има 40 фудбалери за да може да ги игра тој број на натпревари. Луѓе, тоа се 40 плати, не знам кој тоа може да го издржи. Тоа ги води клубовите до банкрот. Тоа не е добро за фудбалот“, изјави шпанскиот стручњак.

Ако Сити успее да стигне до финалето на Светското првенство, ќе им остане само еден месец за одмор меѓу двете сезони и јасно е дека критиката на Пеп е насочена токму кон тоа.

Манчестер сити по вчерашната победа над Њукасл се најде на четвртата позиција на табелата на Премиер лигата, а во среда во Мадрид ги очекува реваншот против Реал во баражот за пласман во осминафиналето на Лигатана шампионите. Реал го доби првиот меч во Манчестер со 3:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Прeд чeтири години Челси го продаде за 23 милиони евра, а сега го купува за 85?

Челси оваа сезона најмногу страда кога станува збор за одбраната, која е, заедно со таа на…