Дома Фудбал Пеп го откри кој е еден од најпаметните играчи што ги тренирал

Пеп го откри кој е еден од најпаметните играчи што ги тренирал

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, има извонредно мислење за актуелниот капитен на тимот, Бернардо Силва.

Шпанецот беше особено расположен по големата победа над шампионот на Англија, Ливерпул (3:0) во 11. коло од Премиер лигата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


По овој натпревар, кој беше неговиот 1.000-ти на тренерската кариера, тој зборуваше пофално за многу играчи со кои соработувал изминатите години, но посебно го пофали малиот Португалец.

„Бернардо Силва е вистински фудбалски мајстор. Темпо, освојување на топката, забрзување и забавување, интуиција да забележи простор и како да се снајде во дадена ситуација, тој сето тоа го поседува. Можам слободно да кажам дека е еден од најпаметните играчи што сум ги запознал„, рече Пеп Гвардиола.

Бернардо Силва минатата година се мачеше со формата, но оваа сезона е капитен на тимот.

„Не му беше лесно минатата сезона. Понекогаш ми рече: ‘Пепе, исцрпен сум. Мојот ум веќе не е тука, ниту моите нозе.’ Но, тој беше тука. Затоа денес е наш капитен„, рече Пеп Гвардиола, пренесува Скај Спортс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Деко веќе започна преговори за првото летно засилување на Барселона!

Барселона сериозно ја разгледува иднината на Маркус Рашфорд, а најновите сигнали од Саудис…