
Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина успешно го обезбеди своето место на Светското првенство, откако ја победи Италија во драматичен расплет по изведување на пенали, оставајќи ги “Азурите” по третпат по ред без учество на најголемата фудбалска сцена.
Во редовниот дел на натпреварот на среништето во Зеница, резултатот беше 1:1, без голови во продолженијата, за на крајот Босанците да бидат поуспешни во пенал серијата со 4:1 и така да поминат понатаму.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
На стадионот „Билино Поле“ беше прикажана неверојатна завршница, каде после чудниот расплет и изведувањето на пеналите, Босна ги растажи италијанските навивачи.
Сето тоа започна со првата серија, каде што Бени Тахировиќ донесе предност за домаќините, додека Пио Еспозито ја испрати топката над голот. Харис Табаковиќ го удвои водството на 2:0, додека единствениот погодок за Италијанците во оваа серија го постигна Сандро Тонали.
Керим Алајбеговиќ, како и во полуфиналето, беше прецизен и ја зголеми предноста на 3:1, за потоа одлучувачкиот пенал на Брајан Кристанте да заврши на пречката. Патот на Босна кон Светското првенство беше потврден од Есмира Бајрактаревиќ, кој вешто го надмудри Џиџи Донарума и ја развесели цела Зеница.
На претстојното првенство, тимот под водство на Сергеј Барбарез ќе се соочи со Катар, Швајцарија и Канада.