Дома Фудбал Педри викендов сруши рекорд на Меси!

Педри викендов сруши рекорд на Меси!

Младиот фудбалер на Барселона, Педри, во сабота забележа значен јубилеј – 150-ти настап во La Лига, но тоа не е сè.

Според историјата на статистиката во Ла Лига, Педри стана најмладиот играч во историјата на Барселона со 150 одиграни средби во шпанското првенство.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Со 23 години и 18 дена, Педри го држи рекордот како најмладиот со овој број на мечеви, надминувајќи го Лионел Меси кој го одигра својот 150-ти натпревар против Сарагоса во 2010 година, кога имаше 23 години и 121 ден.

Да потсетиме, Педри пристигна од Лас Палмас во 2019 година како непознат млад играч кога имаше 17 години и остана на позајмица во матичниот клуб до следното лето.

Во 2020 година пристигна како засилување и брзо се избори за стартна позиција под водство на Роналд Куман.

Барселона првично го плати околу 5.000.000 евра, но со бројни клаузули кои се остварија неговиот трансфер достигна сума од дури 23.000.000 евра.

Педри стана и незаменлив играч за репрезентацијата на Шпанија, за која има 38 настапи и пет гола.

Во сите натпреварувања, Педри за Барса одигра веќе 220 натпревари, постигна 28 голови и имаше 27 асистенции, а освои и по два трофеја – La Лиге, Куп на кралот и Суперкуп на Шпанија.

Без сомнение, еден од најдобрите трансфери во модерната историја на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Човекот кој ја промени историјата на фудбалот денеска преживува со минимална пензија

Оваа година бележиме 30 години од историската пресуда во случајот Жан-Марк Бозман, која го…