
Неубава вест одекна на спортската и општествената сцена. Томас Парти, до пред неколку дена член на Арсенал и еден од клучните играчи на репрезентацијата на Гана, се наоѓа во центарот на скандалот.
Додека публиката ги следеше неговите потези на теренот, во позадина се одвиваше истрага која сега прераснува во еден од најтешките и најосетливите случаи кои го погодија елитниот фудбал во последниве години.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Иако Томас Парти со години беше важен дел од средиштето на теренот на Арсенал и репрезентацијата на Гана, зад завесата се водеше тивка, но упорна истрага. Со години сè изгледаше како гласина, сенка која го следеше зад успешната кариера. Меѓутоа, вистината сега исплива на површина во својот најтежок облик.
Парти е обвинет за пет случаи на силување и еден случај на сексуален напад, соопшти британската Крунска обвинителна служба (КПС). Обвиненијата се однесуваат на наводни настани од 2021 и 2022 година и вклучуваат три различни жени.
Полицијата потврди дека Парти е обвинет за силување на две жени, додека обвинението за сексуален напад се однесува на трета жртва. Иако досега беше на слобода и продолжи да игра фудбал, неговиот адвокат Џени Вилшир од канцеларијата „Хикман и Роуз“ изјави дека нејзиниот клиент целосно ги негира сите обвиненија и дека „целосно соработувал со полицијата и обвинителството за време на целосната тригодишна истрага“.
„Тој сега посакува конечно да ја добие можноста да го исчисти своето име пред судот“, наведе Вилшир,
Доколку биде осуден за повеќе точки на силување врз различни лица, судот би можел да му изрече последователни казни, што би значело децениски затвор, дури и ако не добие доживотен.