Дома Останати Кошарка Панатинаикос објави детали по операцијата на Лесор

Панатинаикос објави детали по операцијата на Лесор

Целата Европа беше потресена од вчерашните сцени од ОАКА арената каде што Панатинаикос ја победи Басконија.

Резултатот падна во втор план, бидејќи овој натпревар ќе остане запаметен по тешката повреда на центарот на клубот од Атина, Матијас Лесор, кој денес беше испратен на хируршка интервенција.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


По операцијата, се огласи и клубот на Лесор.

„Матијас Лесор имаше успешна операција во болница утрово на 20 декември, за да се санира повредата на неговата лева нога. Операцијата ја изврши клупскиот лекар, хирург Атанасиос Конидис.

Лесор доби фрактура на фибулата за време на вчерашниот натпревар против Басконија. Целото семејство на Панатинаикос е со Матијас и му посакува брзо закрепнување,“ стои во официјалното соопштение на Панатинаикос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Joкиќ прв знаел што ќе се случува во Денвер: Ми кажаа, немаше дисксија

По победата на Денвер против Сакраменто, Никола Јокиќ сподели некои нови детали за отказот…