Францускиот центар Матијас Лесор со големи болки го напушти натпреварот што Панатинаикос го играше против Басконија изминатиот четврток. Тој ја скрши фибулата и го очекува долга пауза, но како што наведуваат грчките медиуми, го очекува и нов подобар договор.
Грчкиот „Спортдог“ пишува дека сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, подготвил нова понуда за кошаркарот и покрај тоа што сè уште не е познато кога ќе се врати на теренот.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Според достапните информации, Лесор моментално заработува 1,7 милиони долари по сезона, а новиот договор што му го нуди управата на клубот би требало да биде уште подобар.
Сепак, останува да се види каква ќе биде одлуката на Лесор, кој дефинитивно не брза да донесе одлука за следниот ангажман. Нема сомнежи дека интересот за енергичниот центар ќе биде огромен, а по одличните игри во Евролигата во последните две и пол години, постои можност и за премин во НБА.