
Пеп Гвардиола беше тој кој го продаде Палмер во Челси во септември 2023 година, за околу 50 милиони евра.
Досега Палмер има одиграно 101 натпревар за лондонскиот тим и постигнал 45 гола, а забележал 29 асистенции.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Оваа сезона не игра на нивото на кое се очекува од него, но најголемата причина за тоа се повредите, па така одигра само четири натпревари во сите натпреварувања досега.
Сепак, се појавија информации дека Палмер наскоро би можел да го напушти Стамфорд Бриџ и да ја продолжи кариерата во еден од најголемите клубови во светот.
Неговата спектакуларна форма од заминувањето од Манчестер Сити привлече внимание на некои од најголемите клубови во светот.
Сепак, се верува дека Палмер веќе одлучил кој клуб ќе биде негов следен кога ќе реши дека е време да замине од Челси, а тоа е Реал Мадрид.
Палмер има уште скоро осум години договор со Челси, но јасно е дека ако сака да замине во Реал Мадрид, тоа ќе мора да се случи многу порано.
Тоа би било значајно за Реал Мадрид, а се претпоставува дека трошокот би бил околу 130 милиони евра, на што Челси би се согласиле за својот фудбалер.
Она што е сигурно е дека следните преодни рокови ќе донесат понуди за многу играчи на Челси, меѓу кои треба да биде и Палмер.