Дома Фудбал Паѓаат сите рекорди во спектакуларен трансфер: Реал Мадрид е подготвен да го продаде Винисиус

Паѓаат сите рекорди во спектакуларен трансфер: Реал Мадрид е подготвен да го продаде Винисиус

Преговорите помеѓу Реал Мадрид и Винисиус Жуниор за продолжување на договорот ненадејно беа прекинати, а се појави информација дека Бразилецот навистина би можел да го напушти кралскиот клуб во трансфер што ќе ги сруши сите рекорди.

Без сомнение, Винисиус беше првата ѕвезда на Реал Мадрид изминатите неколку сезони, но во последната година сè тргна наопаку и надолу откако не ја доби Златната топка.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Бразилецот зад себе ја има веројатно најлошата сезона од кога е во Реал, и дури се покажа дека ни Чаби Алонсо не е премногу задоволен од играта на Винисиус.

Познато е дека Реал и Винисиус веќе со години преговараат за продолжување на договорот кој истекува за две години, но пред неколку дена беше објавено дека истите се запрени.

Во Реал повеќе не се сигурни дали Винисиус е толку недопирлив кога станува збор за продажба, особено не откако се појавија приказни дека од трансферот на бразилскиот репрезентативец може да инкасираат неверојатни 350 милиони евра.

Веќе некое време се шпекулира дека Винисиус би можел да замине во Саудиска Арабија каде што се прави сè за да го донесат во нивната лига, а понудата која се подготвува не може да ја одбие ниту еден од најголемите клубови во светот.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи му го зема Скудетото на Интер, а сега и посакуваното засилување!?

Интер беше на праг да го донесе големото засилување од Аталанта во облик на крилниот напаѓ…