Дома Фудбал Падна на дното: Полјаците го одбија Саутгејт!?

Падна на дното: Полјаците го одбија Саутгејт!?

Некогашниот селектор на фудбалската репрезентација на Англија Герет Саутгејт скоро година дена е без ангажман, а ситуацијата не се промени ни неодамна кога преку посредници им понуди соработка на Полјаците, кои побрзаа да го одбијат.

Саутгејт минатото лето ја однесе Англија до финалето на Европското првенство каде неговиот тим загуби од неприкосновената Шпанија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Англичаните сурово одлучија да ја прекинат повеќегодишната соработка по тој дуел, но се покажа дека тоа беше почеток на тренерската агонија на Саутгејт, кого веќе скоро една година никој не го сака.

Видејќи шегата стана сериозна и Полска неодамна остана без селектор, Саутгејт стапи во контакт со претставниците на оваа репрезентација за можноста за соработка, но доби негативен одговор.

Причината е што Полјаците не сакаат странец на клупата по не баш пријатните искуства со Португалците Пауло Соуса и Фернандо Сантош.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трансфер-бомба од Англија: Дали Арсенал ќе ја ангажира ѕвездата на Баерн?

Проблемите со повреди повторно го мачат Арсенал, па не е чудно што менаџерот Микел Артета …